За слободните места, осмооделенците ќе можат да конкурираат во вториот уписен рок , што ќе се одржи на 29 и 30 јуни 2011 година.
Во Општинското средно училиште „ Св. Климент Охридски“ , според конкурсот , во новата учебна година, можат да се запишат 442 ученици во 13 паралелки. Во првиот уписен рок ( прво пријавување ) вкупно се пријавиле 346 ученици , а се запишале 300 , од кои 196 за гимназиско и 104 ученици за стручно образование во економско- правната и трговската струка и здраствената струка. За второто пријавување во првиот уписен рок останаа 142 слободни места.
Во Општинскиот електромашински училишен центар „ Св. Наум Охридски“ можат да се запишат 432 ученици во 13 паралелки. Во првиот уписен рок ( прво пријавување ) за паралелките со четиригодишно образование се пријавиле 185 , а се запишале 78 ученици . За второто пријавување во првиот уписен рок има 296 слободни места. За паралелките со тригодишно образование се пријавиле и се запишале 7 ученици, а за второто пријавување во првиот уписен рок има 51 слободно место.
Во Општинското угостителско- туристичко училиште „ Ванчо Питошески“ , според конкурсот, можат да се запишат 306 ученици во 9 паралелки. Во првиот уписен рок ( прво пријавување ) за паралелките со четиригодишно образование се пријавиле 32 , се запишале 16 ученици , а за второто пријавување има 52 слободни места.За паралелките со тригодишно образование се пријавиле и запишале 42 ученици, а за второто пријавување во првиот уписен рок има 196 слободни места.