Последните натпревари од регуларниот дел во НБА лигата ги разрешија и последните дилеми пред почетокот на разигрувањето. Во западната конференција Л.А.Лејкерси го освоија седмото,а Голден Стејт Вориорси осмото место.

На Истокот Њу Џерси го совладаа Чикаго со што ја освоија шестата позиција , а Биковите од второто ги испратија на петтото место , втората позиција ја обезбеди Кливленд.

Коби Брајант со 34 поени ги предводеше Лејкерси до победата над Сакраменто 117-106.
Лејкерси сезоната ја завршија со учинок 42-40,а Коби Брајант го одбрани титулата најдобар стрелец пред суперстарот на Денвер Кармело Ентони.

Голден Стејт Вориорс по 13 години пласманот во разигрувањето го заверија со победата во Портланд 120-98.Вориорси имаат идентичен скор како и Л.А.Лејкерси 42-40,но езерџиите се подобри во меѓусебните дуели. Натпреварот Голден Стејт-Портланд мина во знакот на ветеранот Барон Дејвис кои имаше троен ефект (12 поени,14 асистенции и 10 скока).

Во Источната конференција Њу Џерси го совлада Чикаго 106-97 и го избегнаа меѓусебниот дуел во првото коло од разигрувањето,бидејќи со овој пораз Чикаго од втората падна на петтата позиција на табелата и за противник во првата рунда го добија актуелниот шампион Мајами. Забревтаниот тим на Њу Џерси повторно го предводеше летечкиот Винс Картер на кого една асистенција му недостигаше за “трипл-дабл“,мечот го заврши со 24 поени,10 скока и 9 асистенции.

Поразот на Чикаго најдобро го искористи екипата на Кливленд која со победата над Милвоки 106-96 заседна на второто место во Источната конференција. Вундеркиндот на Кливленд Леброн Џејмс го предводеше тимот со 24 коша,5 скока и 9 асистенции.

Двојки за првото коло во разигрувањето се игра до четири добиени натпревари.

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА :

1.Далас Маверикс  – 8.Голден Стејт Вориорс
2.Феникс Санс       – 7.Л.А.Лејкерс
3.С.Антонио           – 6.Денвер Нагетс
5.Хјустон                – 4.Јута Џез

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Детроит Пистонс     – 8.Орландо Меџик
2.Кливленд Кавалирс – 7.Вашингтон Визардс
3.Торонто Репторс     –  6.Њу Џерси Нетс
5.Чикаго Булс             –  4.Мајами Хит

       Ненад Цветанов