Рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за изборните резултати, заврши вечерва во 19 часот, а партиите кои ги поднесоа истите одговорот ќе го добијат во рок од 48 часа од поднесувањето на забелешките.

Како што најавија од опозиционата СДСМ, ќе бидат поднесени околу 350 приговори до ДИК, за прекршување на изборниот молк од страна на коалицијата „За подобра Македонија“, фантомските гласачи до Мала Преспа и прекршување на изборниот процес.
OhridNews











