Лидерот во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање, Аксел Лунд Свиндал, по тешкиот пад на спуст трката во Кицбил, ја заврши сезоната.


Спустот кој во саботата се возеше на легендарната патека Штрајф, донесе испаѓање на фаворитите Штрајтбергер, Рајхелт и Свиндал. Австриецот Штрајтбергер ведбаш од патеката беше пренесен во болница поради повреда на коленото, додека Свондал по падот стана и без помош ја напушти патеката.


Сепак, со дополнителните прегледи на Норвежанецот му била дијагностицирана раптура на предниот вкрстен лигамент во десното колено.

OhridNews