Дузина трансфери го одбележаа последниот ден од преодниот рок во фудбалска Европа. Најмногу внимание привлече враќањето на Давид Луиз на “Стемфорд Бриџ“ од градот на светлината. Покрај него, на тимот на Конте им се приклучи и левиот бек Маркос Алонсо од Фиорентина.
Неколку фудбалери на Манчестер Сити го напуштија клубот заминувајќи на позајмици. Англискиот репрезентативец Џо Харт замина во италијанскиот Торино, Самир Насри замина во Севиља, Вилфред Бони во Стоук, а Мангала во Валенсија.
Францускиот интернационалец Мамаду Сисоко од Њукасл премина во Тотенхем, додека Ливерпул го позајми Лазар Марковиќ на Спортинг. Ливерпул го напушти Марио Балотели кој фудбалската кариера ќе ја продолжи во Ница.
Џек Вилшер замина на позајмица од Арсенал во Бурнмаут, додека Лестер го ангажираше Ислам Селимани од Спортинг.
И покрај договорот во последен момент пропадна трансферот на Витсел во Јувентус, кој повторно го позајми Квадрадо. Голманот на Милан, Диего Лопез во наредната сезона како позјамен фудбалер ќе го носи дресот на Еспањол.
ohridnews