Екипите на „Паркови и зеленило“, завршија со активностите за уредување на дрворедот од јавори на улицата „Јане Сандански“. Целта на кастрењето и кроењето на гранките, е да се обезбеди соодветна подготовка на дрвјата пред пролетното раззеленување и цутење.

Како што потенцираат од охридското претпријатие „Комуналец“, сечењето на старите, суви и уништени гранки е направено согласно претходна проценка од страна на стручните лица.

На овој начин ќе се подобрат условите за непречено одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците.“ – велат од ЈП „Охридски комуналец“.

Инаку, акцијата започна пред десетина дена, а судејќи по излгедот активностите се соодветно завршени.

OhridNews