По петдневна активна работа во Трпејца, денеска беше заокружено осмото издание на Меѓународната уметничка колонија ТРПЕЈЦА 2025 во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ а под покровителство на Општина Охрид.
Годинава заедно во преубавиот природен амбиент околу Подрачното ООУ „Наум Охридски“ твореа уметниците: Мелани Димитровска, Розе Мартиноска, гостите од Германија Сајмон Рехрауер, Паула Ројс, Наташа Попоска – Карче и Ѓоко Симјаноски.
Еден ден уметниците поминаа во друштво со децата од Трпејца на кои им ги открија основните техники во сликањето и им помогнаа да ги создадат првите дела.
Одржувањето на колонијата беше помогнато и од донаторите „Жито леб“ – Охрид , МИСА маркети и рестораните „Сирена“, „Рибар“ и „Уно “ од Трпејца.
OhridNews