Ограничувањето на пловидбата на скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, заврши викендов. Таа се однесуваше само на скутери со моќност поголема од 45 киловати во периодот од 20-ти јули до 20-ти август во времето од 11 до 18 часот. Крајот на забраната беше знак за трагачите по адреналин повторно да ги „јавнат“ силните машини и да загосподарат по Охридското Езеро.


Заврши забраната за пловење на скутери

OhridNews
фото: Васко Бујароски