Најавеното запрашување против комарци беше извршено утрово во периодот од 5 до 6 часот и 30 минути. Со авионското прскање, кое го изведуваше единствената лиценцирана фирма „ Бониер“ од Куманово, беше опфатено поширокото подрачје на Охрид.


Локалната самоуправа ги информира граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за здравјето на луѓето и животните, ниту ги загадува водата и почвата.


Со завршувањето на запрашувањето , пчеларите во склад со упатствата за постапување во вакви услови, ќе можат пчелите да ги пуштаат од кошниците.

OhridNews
фото: Васко Бујароски