Од вкупно пријавените граѓани, мал број бил на оние чии изложени проблеми биле од областа на катастарот, информираат од Агенцијата за катастар на недвижности.
– Поплаките на граѓаните во голема мерка се однесуваа на постапката на приватизација на градежното земјиште, конкретно за бавноста на истата, исто така голем број од граѓаните од катастарот бараа информации во врска со постапката на легализација на бесправно изградените објекти, а изразија и незадоволство од донесената планска документација за дел од град Охрид, каде што се вклопени нивните катастарски парцели, како и во врска со одземени кориснички права кои се спроведени од страна на катастарот врз основа на правно валидни акти за која постапка на одземање странките не биле известени. За сите оние прашања за кои од тимовите беше утврдено дека истите се поврзани со катастарот, на лице место се оформија службени наоди и направените грешки се отстранети, велат од агенцијата.
Отворените денови со катастарот, кои се организираат шеста година по ред, во Охрид започнаа на 29- ти јануари, а завршија денес.
Агенцијата за катастар на недвижности, преку заемот на Светска банка е далабоко навлезена и во постапката на дигитализација на хартиените катастарски планови и добивање на истите во дигитален формат.Со дигитализацијата ќе бидат отстранети евентуалните грешки настанати во постапката на одржување на хартиените подлоги во изминатиот период и ќе се усогласат податоците од графиката со базата на податоци. Со дигитализацијата ќе се овозможи побрз, поефикасен и поекономичен пристап до податоците од страна на граѓаните.
Процесот на дигитализација во Одделението за катастар на недвижности Охрид е во почетна фаза, извршена е дополнителна обука на стручниот гадар кој работи на оваа проблематика.Во периодот што следува оваа активност ќе има приоритет во работата на одделението.