Со традиционалниот поетски хепенинг денеска во Вевчани заврши меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби 2023“, што по 11. пат ја организира културниот центар „Бран“ од Струга.
Манифестацијата почна синоќа со промоција на трите тома од книгата „Мојата Струга“ на Наум Бајо, а врачени беа и традиционалните награди „Животно дело“ на новинарот, публицист, поет и раскажувач Мишо Китаноски, за автор на годината на Дарко Лешоски и млад автор на годината на Емилија Карафилоска. Награда за „Посебни книжевни достигнувања на автор од странство“ ја доби црногорскиот книжевник, Лабуд Н. Лончар.
Според масовноста во присуството и реализираните содржини, се покажа, уште еднаш, дека жителите на Струга, а со нив и потомците, имаат слух за поетското создавање, соодветно на славата на легендарните претци – браќата Константин и Димитар Миладинови, соопшти организаторот.
Во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, настапија бројни автори од Северна Македонија, Србија и Црна Гора.
Од 25-ти до 27-ми јуни Охрид ќе биде домаќин на петтото издание на Ohrid Wine Festival, кој и годинава ќе понуди богата музичка програма, врвни вина и добра забава Фестивалот ќе започне на 25-ти ју...
Во април 2026 година Охрид го посетиле 28 510 туристи од кои 20 523 странски и 7 987 домашни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) Од странските најбројни биле гостите од Ге...
Од 8 до 13 јуни 2026 година во Охрид се одржува летен театарски камп „Конференција на животните 20 – Гласови за иднината“, организиран од Гете-институт Скопје Ученици од четири училишта од Скопје, ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.