
Проектот кој започна да се имплементира во септември 2001, имаше за цел да го поврзи населението од Албанија, Грција и Македонија во регионот околу Охридското и Преспанскито Езеро, во различни области и нивоа (локалните самоуправи, приватниот и граѓанскиот сектор). Во центарот на превземените активности во рамките на проектот се заштитата на природната средина, одржливиот економски развој и институционално јакнење низ заеднички меѓугранични мерки.
Проектот делуваше и во насока на прогласување на споменатиот регион во Еврорегион, како модел на регионална соработка. На презентацијата учество ќе земат преставници од локалните самоуправи, невладини организации и други институции од Албанија, Грција и Македонија.











