Утре во салата на Советот на општина Струга со почеток од 12 часот ќе се оддржи завршната форумска сесија на проектот „Форуми на заедниците“ на општините Струга и Дебрца, односно Швајцарската развојна агенција.
Во текот на настанот ќе биде презентирана евалуација на целиот процес, а присутните ќе бидат информирани за реализацијата на проектот за воспостваување на систем за примарна селеција и собирање на отпад.
Исто така, претставници од ЛС Струга и Дебрца, ќе ги информираат присутните за проектите произлезени од форумот, а кои не се финансирани со средства од форумот, како и за реализација на препораките дадени од форумот.
OhridNews