Knowledge Center заедно со Центарот за Развој на Југозападниот плански регион информираат дека утре, 17- ти февруари, во хотел Дрим- Струга ќе се одржи завршна церемоција по повод успешното финализирање на обуките за развој на капацитетите за женското претприемништво во Југозападниот регион „ Таа може“.

Главниот фокус на церемонијата ќе бидат предизвиците на претприемништвото во Република Македонија со акцент на жените – претприемачи. На овој настан ќе се доделат сертификати за успешно завршена обука, ќе се оценат и презентираат резултатите од обуките и учесничките ќе имаат можност да се информираат за дополнителните форми на поддршка за отпочнување на свој бизнис.

Проектот се спроведува во соработка со Министерството за локална самоуправа и канцеларијата на УНДП од Скопје.

OhridNews