Активности за асфалтирање на коловозната лента на улицата „Ѓорче Петров“ се одвиваат денес. Со завршувањето на реконструкцијата жителите од овој дел на градот ќе добијат функционална и безбедна сообраќајница согласно сите стандарди, велaт од Општна Охрид.
По асфалтирањето следува партерно уредување на тротоарските површини и поставување на ново осветлување, потенцираат.
Претходно беше поставена нова атмосферска канализација во вредност од 5 милиони денари, а активности ги изведуваа екипи на ЈП „Нискоградба”. Потоа следуваше поставување на нова водоводна линија и спуштање на телекомуникациите и електричните водови под земја.
Вкупната вредност на реконструкцијата која се одвива во должина од 330 метри изнесува 12 милиони денари, а средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews