Бродот „Илинден“ потона на 5-ти септември 2009 година во водите на Охридското Езеро на околу 200 метри од брегот, кај авто кампот Елешец, при што загинаа 15 туристи од Бугарија.
За несреќата обвинети се капетанот на бродот, Сотир Филески и претставникот на осигурителната компанија Германски Лојд, Бранко Баиќ, кому му се суди во отсуство. Двајцата се товарат за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.