Со концерт на ансамблите  „Илија Николовски – Луј“ од Скопје и „Зета“ од Подгорица, Црна Гора, вечерва завршува јубилејното 50-то издание на „Балканскиот фестивал“.


Љубителите на фолклорот изминатите пет дена имаа можност да уживаат во настапите на десет анамбли од Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, Романија, Хрватска, Словачка и од Турција.

Во рамки на јубилејното 50-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, беше отворена изложба на килими од етнограската колекција на НУ Завод и Музеј-Охрид. На изложбата се поместени и народни носии,  други рачно произведени ткаенини, како и уметнички дела на сликари од земјите-учеснички на фестивалот.

OhridNews