Со вечерашните мечеви од групите Е, Ф, Г и Х ќе заврши фазата по групо во Лигата на Шампиони и ќе се комплетираат сите екипи учесници во првата елиминациска фаза.

Во групата Е има дилема која екипа ќе заврши на првата позиција, додека третата и четвртата се „резервирани“. Баерн Минхен со 13 бодови е прв на табелата, а Ајакс кој има два помалку на домашен терен го пречекува токму германскиот состав. Во директен меч Ајакс и Баерн Минхен ќе одлучуваат за лидерското место.

Групата Ф ќе го понуди мечот да се биде или не. Шахјтор и Лион во меѓусебна пресметка ќе го чекираат билетот за пролетен престој во ЛШ. На французите им одговара и реми, но украинците го имаат домашниот терен и сигурно ќе атакуваат на победа.

Во групите Г и Х познати се патниците во нокаут фазата. Во последната рунда во групата Г, ЦСКА Москва и Викторија Плзен ќе се борат за третата позиција која носи во Лигата на Европа. ЦСКА гостува кај Реал Мадрид, додека Викторија Плзен ја пречекува Рома. Во групата Х, лидерот Јувентус ќе се сретне со Јанг Бојс, додека Валенсија на „Месталја“ ќе се се сретне со Манчестер Јунајтед.

Двојки:

Група Е: Ајакс – Баерн Минхен (21ч), Бенфика – АЕК (21ч)
Табела: Баерн Минхен 13, Ајакс 11, Бенфика 4, АЕК 0

Група Ф: Мен Сити – Хофенхајм (21ч), Шахјтор – Лион (21ч)
Табела: Мен Сити 10, Лион 7, Шахјтор 5, Хофенхајм 3

Група Г: Реал Мадрид – ЦСКА Москва (18:55), Викторија Плзен – Рома (18:55ч)
Табела: Реал Мадрид 12, Рома 9, ЦСКА Москва 4, Викторија Плзен 4

Група Х: Валенсија – Мен Ју (21ч), Јанг Бојс – Јувентус (21ч)
Табела: Јувентус 12, Мен Ју 10, Валенсија 5, Јанг Бојс 1