Изминатите три дена љубителите на пивото и скарата имаа можност бесплатно да уживаат во забавата со „Партибрејкерс“,„Поздрав Азри“, „Рибља чорба“, Тони Зен, „Суперхикс“, блех оркестарот „Черкези“, и многу други групи и естрадни изведувачи
На околу 8000 метри квадратни простор своите пива ги понудија познати производители од земјава и странство, а организаторот очекува годинешниот Пиво фест по посетеност да го надмине минатогодишното издание, кое привлече околу 90.000 посетители.