Во Охрид и Скопје деновиве завршува трети по ред „Интернационален акварелен симпозиум“, на кој учесниците- уметници имаа можност преку низата активности да го поддржат туризмот и да посетат значајни културни и историски споменици во Македонија.
На симпозиумот зедоа учество автори од Македонија, Јужна Кореја, Словенија, Италија и Србија, дваесетина светски познати ликовни уметници кои сликаа во акварел техника, чии дела на крајот од симпозиумот ќе бидат презентирани на посебна изложба во рамки на Карпошовото културно лето 2012.
Како учесници од Македонија на симпозиумот твореа : Глигор Чемерски,
Илија Кавкалески, Павле Кузмановски, Данчо Ордев, Симонида Филипова
Китановска, Решат Ахмети, Атанас Атанасовски, Анета Ивановска
Симјановска, Пандора Апостолска Саздовска, Милан Андов, Гоце Илиевски и
Таки Павловски, а од странство Клеменс Беунгкун Соу од Кореа, Клавдија
Марушиќ од Словенија, Франческо Матера од Италија, Елиза Корсини од
Италија, Зоран Круљ од Србија, Андреа Верделаго од Италија.
Завршната изложба на акварели предвидено е да се оддржи утре, во Скопје, кога од страна на градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, на учесниците ќе им бидат доделени дипломи за учеството.












