Барселона во 2016 година ќе го продаде својот најдобар играч Лионел Меси, тврди радиото Кадена Коп. Според истиот извор, Каталонците се подготвени да го продадат најдобриот стрелец во клупската историја на оној тим кој ќе понуди најмногу пари.  

Изминатите неколку месеци сè почесто се споменува дека Аргентинецот ќе замине од „Ноу Камп“. Наводно Меси бил незадоволен бидејќи во клубот не го ценеле како што тоа бил случај со Кристијано Роналдо во Реал пренесува „Макфакс“.

Исто така Меси не бил задоволен ниту од односот на каталонските медиуми кон него, бидејќи тие сè почесто пишуваат дека Нејмар е идната голема ѕвезда на тимот.

Ohridnews