Учениците во основните и средните училишта денеска го завршуваат првото полугодие од учебната 2021/2022 година и од утре, 31 декември, се на тринеделен зимски распуст. Според календарот на МОН за организација на наставата, во училишните клупи ќе се вратат на 20 јануари 2022.

По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември почна со отворени училишта и настава со физичко присуство за сите ученици организирана според утврдени антиковид-протоколи. Исклучок се учениците ослободени со медицински потврди.
Во повеќе наврати ресорната министерка Мила Царовска информираше дека состојбата во училиштата е стабилна и дека според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта, процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а активни случаи со КОВИД-19 кај учениците со физичко присуство во првото полугодие не надминал 0,3 проценти.
OhridNews











