Денес завршува крајниот рок за поднесување годишни извештаи до Управата за јавни приходи. Како што беше најавено, шалтерите и денес ќе работат до 18 часот. Правните лица може годишните извештаи да ги поднесат и електронски.
Заклучно денес, фирмите имаат и законска обврска на граѓанинот да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2011 година. Врз основа на издадените пресметки, граѓанинот како обврзник на персоналниот данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.
Доколку до 15 февруари, економските субјекти не поднесат годишен извештај за исплатените приходи, како и на граѓанинот не му издадат збирна пресметка за 2011 година, законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице на фирмата, ќе му биде изречена глоба во износ од 750 евра во денарска противредност.












