Денес завршува учебната година за 291.191 ученик во основните и средни училишта во Република Македонија.

Според информациите на министерството за образование, последното училишно звоно ќе заѕвони за 199.892 ученици во 358 основни училишта во Република Македонија, како и за 68.569 средношколци. За 22.730 ученици во завршните години (три и четири годишно средно образование) учебната година според Законот за средно образование заврши на 20 мај 2012 година.

Во учебната 2012-2013 година според списокот добиен од Министерството за внатрешни работи, треба да се запишат 26.657 деца. Во оваа бројка влегуваат децата родени во 2006 година и јануари 2007 година.

OhridNews