Завршуваат градежните активности на улицата „Момчило Јорданоски“. Градончалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков  денес изврши увид во градежните зафати на улицата.

После поставувањето на нова атмосферска линија и изградба на нови тротоари, денес се асфалтираат коловозните ленти. Оваа улица добива нов лик, а граѓаните подобри и побезбедни услови, вели Пецаков.

Реконструкцијата на улицата е заеднички проект на локалната самоуправа и Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Вон овој проект, Општина Охрид целосно ја реконструира атмосферската мрежа во должина од 430м, за што се одвоени 3 милиони денари. Во наредниот период, планирано е поставување на нова сообраќајна сигнализација, информираат од Општина Охрид.

 

OhridNews