Викендов, во Третата македонската фудбалска лига југо-запад ќе се одиграат мечевите од последната рунда од есенската полусезона.

Првата етапа не е комплетна, бидејќи наместо 15 ќе се одиграат 11 натпревари. Причината е задоцнувањето на стартот на сезоната поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

За титулата есенски првак се борат Воска Спорт и Караорман. Фудбалерите на Воска во последната рунда гостуваат во Грнчари кај Лирија, додека Караорман го пречекува тимот на Преспа.

Вистинските возбудувања и борба за бодови следуваат на пролет, кога ќе се одиграат преостанатите пет мечеви од есенската и 15-те натпревари од втората полусезона.

  • Двојки:

Новаци – Црно Буки

Караорман – Преспа

Кравари – Победа Ивањевци

Лирија Грнчари – Воска Спорт

Стрела Спорт – Македонија Враништа

Искра – Влазними

Белица – Сатеска

Фљамуртари – Октиси

Табела: Воска Спорт 26, Караорман 25, Црно Буки 21, Новаци 19, Кравари 19, Преспа 18, Влазними 16,  Сатеска 15, Октиси 14, Фљамуртари 10, Искра 10, Македонија Враништа 9, Победа Ивањевци 7, Белица 6, Лирија Грнчари 6, Стрела Спорт 4.

OhridNews