Викендов ширум терените од југо-западниот регион од Македонија ќе се одиграат последните натпревари од сезоната во Третата лига.

Резултатски притисок нема, бидејќи сите дилеми се решени, а екипите на теренот ќе се борат за подобар резултат и престиж. Во последната рунда Лакочереј гостува во Велешта, Сатеска го пречекува струшки Караорман, а Охрид е слободен затоа што Лирија Заграчани се откажа од натпреварувањето.

Екипата на Охрид е шампион и нов второлигаш, Откиси и Лирија Заграчани отпаѓаат еден ранг подолу, а Третата МФЛ ќе биде комплетирана со победниците од Општинските лиги од Охрид, Струга и Битола.

Мечевите се играат во 17 часот.

Двојки: Црно Буки – Влазними, Лирија Грнчари – Фљамуртари, Велешта – Лакочереј, Лирија Заграчани – Охрид, Кравари – Преспа, Октиси – Новаци, Сатеска – Караорман

Табела: Охрид 53, Влазними 43, Караорман 36, Црно Буки 36, Лирија Грнчари 36, Новаци 34, Кравари 33, Фљамуртари 33, Велешта 32, Сатеска 32, Лакочереј 32, Преспа 30, Октиси 18, Лирија Заграчани 18

OhridNews