Изминатиов период, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со  нови наслови.

Одделението за возрасни читатели е збогатено со повеќе наслови меѓу кои: На прв поглед, Заштитникот, Ноќите во Родана, Спасување и Прошетка за сеќавање од Николас Спаркс, Отворен круг од Лилјана Мазова, Ефремов од Милош Милошески, Приказни од животот од Сју Милер, Љубов од Лоранс Планзе, Човечкото тело од Паоло Џордано, Роман за прељубата од Исидора Бјелица и Превез од тајни од Харолд Робинс.

Исто така, Детското одделение доби повеќе енциклопедии и илустрирани сликовници меѓу кои Фарма  и Пронајдоци од Ана Казалис, Звучна сликовница „Возила“ од Тони Вулф, Рекорди на животни, Виктор на Дедо Мраз му треба помош, „Пливање“ – Клајв Гифорд, „Мисија на месечината“ – Ален Диер, Титаник поморска катастрофа – Филип Вилкинсон, „Моите коњи“ – Сал Ема, „Откриј го Египет“ – Брозе М, „Океан“и – Беверли КекМилан и Џон А Мусик, „Инсекти и пајаци“ – Јан Стардлинг и „Моите другарчиња диносауруси“.

Книгите се набавени во рамки на проектот „Збогатување на книжниот фонд“ одобрен и финансиран од Министерството за култура на Р.Македонија.

OhridNews