Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ ќе одржи јавна дискусија во Охрид на која ќе ги презентира барањата за утврдување приоритетни мерки и обезбедување буџетски средства за заштита на животната средина во Општина Охрид за 2027 година.

Сметаме дека е особено важно овие прашања конечно да почнат да се решаваат систематски, координирано и долгорочно, преку конкретни годишни програми, реални буџетски средства, утврдени рокови и одговорни институции. Очекуваме советниците, претставниците на локалната самоуправа и надлежните институции сериозно да ги разгледаат барањата и да ги земат предвид при подготовката на новите годишни програми и Буџетот за 2027 година, велат од „Збогум Буково“.
Средбата ќе се одржи во четврток, 26 ноември, со почеток во 11:55 часот, во просториите на „Касарна Хаб“.
OhridNews











