Иницијативата „Збогум Буково“ започна со подготовка на училиштата за селекција на отпадот како дел од активностите за спроведување на Планот за управување со отпад којшто се спроведува во Југоисточен и Пелагониски регион.

Ги повикуваме сите родители да им помогнат на училиштата да ги остварат своите цели да станат еколошки училишта со силна посветеност за трансформација на нивните заедници кон одржливо и хумано живеење, велат од „Збогум Буково“.
OhridNews











