На северната топка точно во 22 часот и 44 минути настапи есента. Истовремено на јужната полутопка календарски започнува пролетта. Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути. Првото есенско изгрејсонце ќе се случи во 6 часот и 27 минути, а зајдосонце во 18 часот и 38 минути.

Според прогнозата на синоптичарите, на првиот ден од есента и од работната недела, во Охрид ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 20 степени Целзиусови. Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува во текот на цела недела.

OhridNews