Изгледа двојната мастектомија и стресот со кој се борела после тоа значително влијаеле на здравјето на Анџелина Џоли, бидејќи после таа интервенција, со изгладнување, актерката се довела на работ на анорексија. Ја изгубила мускулната маса, а на рацете и излегле вените.

Иако во филмовите за Лара Крофт се прославила како актерка со идеални гради, Анџелина сега изгледа болно. На аеродромот во Сиднеј неодамна изгледала толку слабо, што не можела да го носи ниту својот ниту багажот на своите деца, кои сами ги тегнеле своите работи. Колегите со кои го снима филмот “Unbroken” рекле дека таа била перфекционист и дека никогаш ништо не и било доволно добро. На сетот била од утро до мрак, и од премногу работа заборавала да јаде. Само пиела вода и грицкала зеленчук.