Охридскиот Здравствен дом го поднови возниот парк со  две современи санитетски возила марка „Рено“  чија вредност е околу 60.000 евра .

Возилата се наменети за потребите на Одделението за итна медицинска помош, а располагаат со дефибрилатор, респиратор, аспиратор, систем со две боци за кислород ,три носилки за различни потреби, специјална количка, а наскоро во нив ќе биде вграден и компјутер со навигација.


–  Секогаш има потреба за уште нови возила, но со овие кои сега ги добивме и две од старите возила кои ги користиме може да се каже дека се задоволуваат потребите на одделението за итна помош . Со оглед на тоа дека станува збор  за најсовремени амбулантни возила, минатата недела два тима составени доктори, сестри и шофери беа и на обука во Скопје, објаснува директорот на Здравствен дом, Митко Дабески.


Новите амбулантни возила се  дел од проектот на министерството за здравство на Република Македонија за набавка на 80 возила за потребите на здравствените домови во земјава.

Т. Кувенџиска