Лабораторијата при ЈЗУ Здравствен дом Вевчани е опремена со нов имунолошки апарат од најнова генерација. Како што информираат од Установата апаратот значително ќе го унапреди квалитетот на лабораториските услуги што им се нудат на пациентите.
Овој современ апарат овозможува брза, прецизна и доверлива анализа на имунолошки параметри, што е од клучно значење за навремено откривање и следење на разни болести, посочуваат.
Воведувањето на овој апарат, додаваат, е дел од пошироката стратегија за модернизација на медицинската опрема и постојано унапредување на услугите во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.
OhridNews