Од здравствениот дом- Вевчани обвинуваат дека во текот на денот, од страна на активисти на струшкиот градоначалник се врши присилување на граѓаните да ги бојкотираат закажаните систематски прегледи и задолжителните вакцинации на децата од предучилишна и училишна возраст од село Лабуништа.
Од Здравствениот дом- Вевчани, потенцираат дека ќе продолжат со својата хумана и благородна дејност, давајќи им услуга на сите граѓани без разлика на нивната верска и етничка припадност.
Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ваквиите обвинувања ги демантира и отфрли како целосно невистинити, потенцирајќи дека не му паѓа на памет да прави такви работи.
Во Здравствениот дом во Вевчани примарна здравствена заштита добиваат околу 28000 жители од струшкиот регион.











