По повод „Неделата на грижа за стари лица“, денеска во 84 општини низ земјава започнува имплементацијата на новиот проект „Домашна визита“ на Министерството за здравство, кој се состои од превентивни здравствени прегледни наменети за повеќе од девет илјади стари лица.
За целите на проектoт се ангжариани 340 патронажни сестри кои работат во здравствени домови, додека прегледите се состојат од мерење на шеќер, крвен притисок, а по потреба ЕКГ преглед.
На еден пациент треба да му се посветат минимум половина час, додека главниот акцент ќе биде ставен на лицата над 60 години со дијабетес и астма.
Инаку, преоктот „Домашна визита“ ќе се одвива до 24-ти овој месец.
OhridNews