Под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“, денес, протестираа здравствените работници во земјава. На протестот што се одржа во периодот предвиден за пауза, се приклучија и здравствените работници од охридско-струшкиот регион.

На протестот се приклучи медицинскиот персонал Специјалната болница за нефрологија во Струга

Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари потенцираше дека се оградуваат од секакви политички елити, дека насилството врз лекарите мора да престане веднаш и дека е ова последно предупредување.

Од протестот во Скопје/ фото: РСЕ

„Собрани сме да кажеме доста е. Ова ќе биде наш последен револт, повеќе не смее да дозволиме да бидат напаѓани здравствените работници. Долги години тенденциите и негативната кампања се одразуваат врз медицинските работници, а целта е да се стават во сенка лошите одлуки на раководните лица во системот. Време е да се преземат мерки за подобри услови на работниците и пациентите, рече Лазаров.

Министерот Венко Филипче најави нови мерки за справување со насилството. Тој рече дека во координација со министерството за правда и МВР договориле конкретни мерки.

OhridNews