Здружената опозиција соопшти дека во знак на револт кон начининот на владеење на актуелната власт, ќе продолжи со полчасовни блокади на дел од поважните сообраќајници во Охрид.

Блокади ќе има на 26,27 и 28 декември кај кружниот тек во центарот на градот кои ќе почнуваат во 18 часот.

Покрај во Охрид, протести се најавени и во Скопје, Битола, Штип, Струмица, Куманово и во други градови низ државата.

На начинот на кој се одвиваат протестите за здружената опозција реагираше Фронтот на народот. Преку соопштение движењето го осуди вчерашниот физички напад врз граѓанин, пензионер кој беше нападнат во обид да праша за причините за блокадата во центарот на Скопје од страна на опозицијата.

– Обидот со тупаници да се замолчи народот е обид да се сруши демократијата. Ние се ставаме во одбрана на народот, на недолжниот пензионер на кого со тупаници му објаснуваат зошто се излезени на улица. Она што не им успеа во понеделникот, кога ги прескокнаа барикадите и тргнаа да се пресметуваат со нас, обичните граѓани го направија вчера. Тие физички се пресметаа со недолжен пензионер. Но, пораката е, секој кој пробал да тепа народ, се соочил со народ, стои во реакцијата од ова здружение.

OhridNews

 

Здружената опозиција блокираше сообраќајници во Охрид (фото – видео)