Здужената опозиција,  предводена од СДСМ , вечерва од 18 до 19 часот на градскиот плоштад во Охрид, пред споменикот на „Свети Климент Охридски“, организира Граѓански парламент.

Поради случувањата во и надвор од парламентот при донесувањето на буџетот на државата, партиите од опозицијата ја напуштија работата на Собранието и отпочнаа протести низ земјата.

Протестите од денеска ќе бидат заменети со Граѓански парламент, а покрај во Охрид вакви собири се најавени и во повеќе други градови низ државата.

OhridNews