Четрвти ден по ред, Здружената опозиција го продолжува мирниот протест. Неколку стотици граѓани, со свеќи во рацете спонтано се собраа на градскиот плоштад, изразувајќи незадоволство од, како што рекоа, недемократското владеење на централната власт.

Од централното градско подрачје, толпата се упати по улицата „Димитар Влахов“ па се до булеварот „Туристичка“. Како што најавуваат од Здружената опозиција, за утре се најавуваат масовни протести во главниот град од земјава.

OhridNews