Поддржувачите на Здружената опозција вечерва продефилираа низ улиците на Охрид, искажувајќи го на тој начин незадовилството од актуелните случувања во државата.
Протестот започна од плоштадот кај стариот Чинар, а заврши пред седиштето на СДСМ на булеварот „Туристичка“.
На насобраните граѓани им се обратија пратеникот Митре Велјаноски и градоначалникот Александар Петрески, кои најавија дека отпорот продолжува и дека здружената опозиција останува на браникот на демократијата. Тие изразија очекување дека ќе расте бројот на незадоволни граѓани кои ќе и се придружат на опозицијата, која протестите ќе ги продолжи по божиќните празници во среда.