На претстојните претседателски избориполитичките партнери одСојузот за иднината ќе настапат со заеднички кандидат. Ова било договорено на средбата помеѓу коалиционите партнери од Сојузот за иднината, што се одржа денеска во Скопје, а на која една од темите биле претседателските избори во Македонија што ќе се одржат догодина.
-Денеска го изградивме нашиот став дека сите мораме да размислиме за натпартиско решение за човек кој што ќе го предизвика вниманието на целата македонска јавност без разлика на политичка, етничка или друга определба со крајна цел Македонија да добие Претседател каков што заслужува како земја аспирант за ЕУ и НАТО.-изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Тој истакна дека на средбата станало збор и за избирачкиот список и изборното законодавство, за што исто така коалиционитре партнери имале заеднички став.
– Избирачкиот список и изборното законодавство мора да бидат донесени со консензус помеѓу опозицијата и позицијата, и токму по овие прашања овој заеднички став е многу значаен и се надеваме дека ќе предизвика внимание кај владејачките партии во функција на демократската иднина на нашата земја, заедно со помош на стручните луѓе, од опозицијата и позицијата и ОБСЕ/ОДИХР да изградиме избирачки список во кој што сите ќе веруваме, а изборно законодавство кое ќе овозможи фер игра за сите политички субјекти или кандидати на наредни избори.-додсде Заев.
OhridNews