Здружената опозција е во трка со времето да ги состави кандидатските листи за советници и градоначалници. Рокот истекува на 8-ми март на полноќ, а партнерите од коалицијата ги спроведуваат потребните процедури во партиите.

Како што дознавaва OhridNews на кандидатската листа на опозциската коалиција во првите 10 СДСМ како најголема партија ќе партиципира со 6 кандидати, а уште четворица ќе се од редовите на ВМРО НП, ЛДП и НСДП. Како најсериозен кандидат за носител на советничката листа се спомнува името на професорот на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, д-р Јован Стојаноски, но последниот збор ќе го има партиското раководство.

Во СДСМ денеска во Скопје заседава кадровската комисија, а предлог листата ќе биде конечно дефинирана на партиската конференција исто така вечерва во Скопје.

Се очекува кандидатската листа на советници на опозициската коалиција, заедно со кандидатурата на Александар Петрески за градоначалник на Охрид, утре да бидат предадени на ДИК.

OhridNews