Здружението за мултикултурна интеграција, “Инклузија” – Охрид, го поддржа и поздрави потпишувањето на Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Македонија, од страна на градоначалникот, Јован Стојаноски.

– Сметаме дека со овој чекор се отвора едно ново поглавје за подобра, потранспарентна, поажурна и поквалитетна соработка на органите на градската власт со претставниците на граѓанското општество, во насока на остварување на основниот принцип за успешност на секоја општина, а тоа е посветеноста и постојаното ставање во служба на граѓанинот, велат од здружението.

Додаваат дека на овој начин, значително се охрабрува тежнеењето кон секој следен успех на релација локална самоуправа – граѓанско општество – граѓанин, со цел обезбедување и создавање повисоки стандарди за живот на нашите сограѓани.

OhridNews