На свечена седница на Националниот сојуз на инвалиди на трудот, што се одржа вчера во Скопје, на асоцијацијата и беа врачени апарати за мерење крвен притисок, кои се наменети за општинските здруженија.

Донацијата ја обезбеди АД „ЕЛЕМ“.

На седницата присуствуваше и претседателот на Здружението на инвалиди на трудот од Охрид, Благоја Крстаноски, кому му беше врачен апарат за мерење крвен притисок, кој ќе го користат членовите на охридското здружение.

OhridNews