Утре во НУ Библиотека „Григор Прличев“ д-р Арсо Митрески ќе одржи предавање на тема „Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“.

Најосетливи на недостаток на крв во нозете се нервите, заради што болеста почнува со симптоми на трнење, печење и болки во стапалата и нозете. Симптомите најмногу се изразени кога пациентот мирува, односно за време на одмор и пред спиење. Тоа е дијабетична невропатија.
Предавањето ќе започне во 12 часот и е отворено за сите заинтересирани граѓани, а д-р Митрески ќе одговара на сите прашања на присутните.
Организатор на настанот е Здружението на лица со дијабет „Охрид“ кое деновиве потпиша Меморандум за соработка со Библиотеката.
OhridNews











