Здружението на рударски и геолошки инженери на Македонија ќе го одржи годишното стручно советување ПОДЕКС – ПОВЕКС 2025 од 03 до 05 октомври во хотел „Гранит“, Охрид.

На настанот, како што информираат организаторите, ќе присуствува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Во рамките на советувањето ќе се одржат две панел-дискусии:

„Научни предизвици и современи истражувачки тенденции во рударството: перспективи, методолошки пристапи и идни насоки“ со учество на проф. д-р Ѓорѓи Димов, проф. д-р Соња Лепиткова и проф. д-р Жељко Камберовиќ.

„Патот кон одржлив развој во рударството“ со учество на Ивица Карапетров, проф. д-р Зоран Панов и Андреј Кепески, посочуваат од Здружението.

Програмата, додаваат, ќе опфати презентации на научни трудови, комерцијални презентации на компании од индустријата и свечен дел со доделување признанија за значајни достигнувања во 2025 година.

OhridNews