Здружението на слепи лица Охрид во соработка со општина Охрид по повод Меѓународниот ден на слепите лица организира концерт на Културно уметничкото друштво на слепи лица „Биљана“ кое функционира во склоп на Националниот сојуз на слепи на Македонија.

Концертот ќе се одржи во центарот за култура „Григор Прличев“ на 4 октомври, сабота, со почеток  во 19:30 часот.

Од Здружението упатуваат покана до сите заинтересирани лица кои сакаат да присуствуваат на концертот.

Влезот за концертот е бесплатен.

OhridNews