Членовите на Здружението на Србите од Охрид „Коштана“, утре, традиционално, со пригодна свеченост ќе го одбележи празникот „Св. Сава“.
На традиционалниот свечен ручек кој ќе почне во 13 часот во хотелот „Сити палас“ ќе се врти погача, ќе се дели варена пченица, а ќе биде одржана и свечена литургија. Неизоставен дел од одбележувањето се и богатата трпеза и познатите српски рефрени.
Инаку, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2023 година (петок), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.
OhridNews