По повод денот востановен од Мустава Кемал Ататурк за празник на децата 23-ти април, членовите на Здружението „Синан Челеби“ од Охрид го посетија детското одделение при Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, а на децата им подарија играчки.
Празникот денеска ќе го прослават и учениците од основното училиште „Братство и единство“ од Охрид со турски наставен јазик, кои во 18 часот во големата сала на општина Охрид ќе симулираат седница на општинскиот Совет, со дневен ред само на една точка – „Животната средина, проблемите и предлог решенија за нејзина заштита“.
Инаку, празникот се прославува секоја година преку низа манифестации на учениците и членовите на здружението.
OhridNews